Малолетник од Гостивар ранет со пиштол за време на свадбена веселба

Малолетник вчера бил повреден од испукан куршум за време на свадбена веселба.

Се работи за 9-годишно момче од гостиварското село Форино кое околу 18 часот и 30 минути седело на терасата од својата куќа, при што од дворот на 50-годишниот Ш.Б. каде имало свадбена веселба, било пукано, при што еден куршум му ја расекол левата подлактица.

Детето за среќа сега е во добра состојба.