Средба Груевски-Даниелсон: Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е нормализирање на политичката ситуација и сигурност за граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски денес  оствари средба со Директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон.

Соговорниците разговараа за актуелните политички теми и случувања и предизвиците со кој се соочува земјата, како и за европските интеграции на државата и реформската агенда поврзана со нив.

Груевски посочи дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ претставува нормализирање на политичката ситуација и внесување на сигурност кај граѓаните и на тој план исклучително важно е враќањето на патеките на напредокот и економскиот просперитет.

-ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува процесите кои значат унапредување на стандардите во секоја област и притоа  секое решение важно за иднидната на државата треба да биде базирано на волјата на граѓаните, истакна Груевски.

Во однос на изборите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека актуелната влада има легитимен мандат до 2018та година, но како партија ВМРО-ДПМНЕ е подготвена тие да се одржат и порано доколку опозицијата  изрази спремност да излезе и се соочи со граѓаните.

gruevski-2danielson

Груевски посочи дека во меѓувреме ќе се продолжи со работите и активностите кој ќе значат зголемување на довербата и кредибилноста на изборниот процес.

Во однос на интегративните процеси Груевски посочи дека стратешки интерес на државата претставува членството во Европската Унија и Нато алијансата. Акога станува збор за европските интеграции Груевски истака дека во периодот што следи ќе има интензива агенда во поглед на исполнување на сугестиите од извештајот на Прибе и продолжување на реформите кои значат подигнување на стандардите во повеќе области како што е судството, безбедносните органи, медиумите и анти корпцијата.

-Тоа е наш силен интерес и преку еден конструктивен процес ќе бидат понудени решенија кои би значеле унапредување на критериумите и принципите на работа во посочените области, изјави Груевски.

 
 
27.05.2016 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега