Груевски: Ќе се посветиме на реформите кои ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните

 

Во следниот период, доколку има соодветно време до изборите, ќе се посветиме на европската агенда, на итните реформски приоритети и на законски решенија во Собранието, кои ќе го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мега интервјуто за Телеграф.мк.

-Ние ќе градиме и ќе создаваме, ќе правиме реформи, ќе решаваме проблеми, ќе се бориме земјата да оди напред. Тие ќе продолжат и понатаму сè да негираат и да плукаат, на секоја прес-конференција сè посочно ќе нè нарекуваат криминалци. Знаете како она кога крадецот вика држете го крадецот, додава Груевски.

 
 
27.05.2016 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега