Груевски: Веќе нема ниту еден аболиран политичар освен Заев за „Глобал"

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на аболицијата од 12 април за 22 политички експонирани лица.

- Одлуката која што претходно беше донесена не беше на линија на нашите активности, а вчерашната одлука е на линија на нашите активности и е добра одлука која ја поздравуваме. Мислам дека е одличен чекор на претседателот Иванов и се надевам дека работите ќе продолжат да се одвиваат во добра насока и дека што поскоро СДСМ ќе се охрабри да дојде на избори, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Општата болница во Струмица каде е во тек реконструкција на Ургентниот центар.

Нагласи дека со вчерашната одлука на Иванов веќе нема ниту еден аболиран политичар со исклучок на Зоран Заев кој е аболиран во 2008 година од поранешниот претседател Бранко Црвенковски за случајот „Глобал“ во кој се товареше за проневера на осум милиони евра.

- Сега во Македонија со исклучок на Зоран Заев нема ниту еден аболиран политичар врз кој може да се фрли сомнеж дека е аболиран заради тоа што сторил кривично дело и на некој начин ја избегнал одговорноста за тоа. Единствен таков во моментов е само Зоран Заев за случајот „Глобал“, потенцира Груевски.

 
 
28.05.2016 - 15:44
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега