Даниел Сервер: Решение за кризата во Македонија се избори

Мислам дека прашањето за избори во Македонија, треба да се разбере како решение на политички проблем, и излез од кризата во кој се наоѓа земјата и јас верувам во тоа. Работата е што СДСМ тврди дека изборниот механизам не е подготвен за изборите што требаше да се реализираат на 24 април и на 5 јуни годинава. Но, мислам дека тоа не е прашање кое со години треба да се дискутира. Важно е да има избори и изборен систем  во кој секој ќе верува, и СДСМ да излезат на избори и макар и да ги загубат, тие треба да бидат подтотвени за избори, изјави американскиот аналитичар и поранешен директор на Институтот за мир во Вашингтон Даниел Сервер за Програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

Според него, „сите влади имаат опозиции и некогаш опозицијата е во граѓанскиот сектор. - Еве и ние поминуваме низ изборен период во САД. Има опозиција кон Обама и Конгресот од страна на Републиканците и затоа има опозиција која оди против Обама. Тоа се развојни процеси во демократското општество, особено кога се случуваат скандали со прислушкувања, затоа се случуваат и демонстрации, појаснува Сервер. 
 
Запрашан за прислушувањата професор Сервер вели дека не знае оти се вклучени странски служби во политиките на Македонија, но оти тоа не е важно и не е во интерес на решавање на ситуацијата.
 
За тоа дали се симулира обоена револуција заради рекомпонирање на Владата, со цел формирање марионетска влада која ќе прифати име на државата по барање на Атина, за да го откаже ветото за прием на Македонија во НАТО, што ќе го затвори јужното крило на НАТО, Сервер со одговор дека не знае за таков план или таков заговор.
 
- Демонстрациите се дел од демократското општество коишто ги имаме секојдневно во Вашингтон. Некогаш тие се големи, а некогаш мали. Немам проблем со тоа што луѓето протестираат за да го искажат своето мислење, вели Сервер. 
 
Тој со став дека Грција мора да ја почитува Одлуката на Меѓународниот суд на правада во Хаг.
 
- Да, Грција ја има прекршено Одлуката на Меѓународниот суд на правдата. Неможе ниту една земја да направи нешто како што може тоа Грција да го направи., а тоа е да не го почитува словото на законот, односно законот и правдата. Таа не ја почитува одлуката на Меѓународен суд на правда, а која беше  во корист на Македонија. Едноставно Грција мора да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, вели американскиот експерт за Балканот.
 
Навраќајќи се повторно за дестабилизацијата во Македонија и дали зад сето ова стои промена на името и идентитетот, американскиот аналитичар категоричен:„Каква било промена што ќе  настане како резултат на преговорите со Грција е резултат на напорите на Македонија да влезе во НАТО. Тоа би требало да биде преговарано и да биде договарано од страна на Владата на Македонија. НАТО, ЕУ и ООН велат дека е важно, а и јас мислам дека е уште поважно Македонија да добие целосен статус, да влезе во НАТО, изјави американскиот професор и поранешен директор на Институтот за мир во Вашингтон Даниел Сервер.
 
 
29.05.2016 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа