Македонци шверцувале дрога во векни леб

Македонски државјанин во Џенова шверцувал кокаин во векни леб. Полицијата фатила двајца македонски државјани и двајца Албанци кои килограм кокаин сокриле во две векни леб, пишува Дневник.

Сите работеле како ѕидари, но полицијата подолг период се сомневала дека се занимаваат со шверц на дрога, па ги следела и ги фатила на дело. Едниот од Македонците бил на возраст од 53 години, но неговиот идентитет не се открива.

Размената на векните леб ја вршеле пред река од туристи среде бел ден. Полицијата ги уапсила, а при претрес на станот нашла уште 150 грама кокаин, како и над 1.000 евра вбо готово.

Сите ќе одговараат за делото кое го направиле.

 
 
30.05.2016 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега