Двајца кичевчани краделе што им дојде при рака низ Кичево

Кичевчани си заработија кривична поради 12 извршени тешки кражби.

Се работи за 18-годишниот А.Е. и 25-годишниот Г.К. од селото Аранѓел кои од јануари до јуни годинава во селата Мамудовци, Србица и Аранѓел, со употреба на погодни предмети извршиле тешки кражби во повеќе  куќи.

Крадците одземале мобилни телефони, часовници, 20 метални парички и други предмети. 

ФОТО: Плсуинфо

најчитано сега