ВМРО-ДПМНЕ: Не сме прифатиле промена на името - СДСМ е фрустриран од Груевски

Обвинувањата на СДСМ  дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го договорил и прифатил промена на името на Република Македонија за оваа партија се показател дека тие се опседнати и фрустрирани од него. Од партијата истакнуваат дека ниту тој, ниту партијата тргувале, ниту пак ќе тргуваат со уставното име на земјата.

- Фрустрацијата во СДСМ од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е толку голема што во секое соопштение го спомнуваат по 10 пати, по еднаш за сите изборни циклуси по ред кои ги губи СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ, во речиси 11 години. Ниту Никола Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не тргувале ниту ќе тргуваат со уставното име на Република Македонија. Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и непроменети, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

Трговци со националните интереси на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ се секогаш СДСМ и лидерот на таа партија, сеедно кој.

- Поради Црвенковски и Шекеринска настрадаа името и  знамето, а Македонија беше територијално прераспределена. Радмила Шекеринска најавуваше дека ќе ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО за само 6 месеци по доаѓањето на власт, покажувајќи максимална спремност да ја витка кичмата. Доследен на партиската еластична кичма е и Зоран Заев кој не само што најави јавно дека ќе витка кичма за името и идентитетот, туку и јавно се пазари со луѓе кои сакаат да ја федерализираат Македонија, се вели во ракцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „СДСМ секогаш е подготвен на се за, како што посочуваат, да дојде на власт, вклучувајќи го и раскрчмувањето на Македонија и уништувањето на македонското ткиво“.

 
 
30.05.2016 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега