Дел од Скопје утре без струја

Без електрична енергија утре од 8:30 до 15:00 часот ќе бидат дел од улиците „Горѓи Андреевиќ Кун“ и „Горно Лисиче“ во општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати.

Од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе останат и потрошувачите од Ѓорче Петров од број 130 до број 150, во општина Ѓорче Петров.

Без електрична енергија во време од 10:00 до 12:00 часот ќе бидат и потрошувачите од улица „Никола Русински“ бб во општина Карпош, а од 11:00 до 13:00 часот и корисниците од улица „Козле“ од број 90 до број 120, во општина Карпош.

 
 
31.05.2016 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега