СДСМ деструктивна и насочена кон политиканство - ВМРО-ДПМНЕ решава проблеми и реализира проекти

Голем број на проекти кои што СДСМ ги наследи во 2002 година целосно ги прекина, а ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт во 2006-та година повторно ги рестартираше и реализираше. СДСМ она што го имаше како замисла и го ветуваше кога беше на власт, ВМРО-ДПМНЕ не само што го вети туку и го реализираше.

Во мандатот до 2002 година ВМРО-ДПМНЕ го изгради Плаошник во Охрид, за време на СДСМ буквално таму не беше ставено ниту камче. Потоа за време на ВМРО-ДПМНЕ целосно се надгради проектот и таму се прави целосен комплекс на темелите на некогашниот Св. Климентов универзитет.

СДСМ додека беше на власт ветуваше покачување на пензиите, но ниту еднаш не го направи тоа. Со доаѓањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година, најниската пензија е зголемена за 94 отсто, а просечната за 79 отсто.

Исто така, зградата на гимназијата Зефљуш Марку беше ветувана повеќе од една деценија, таа започна да се гради во 2003та, и веднаш потоа градбата престана, а се доврши за време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Таков пример е и инфективното одделение во Прилеп кое беше изградено во 2002 година во кругот на болницата Борка Талески, четири години откако дојде СДСМ на власт целиот комплекс беше оставен на забот на времето. Необезбеден простор кој беше собиралиште на зависници од опојни дроги, а инвентарот целосно уништен. Овој објект целосно се реновираше во периодот 2007 до 2008 година по доаѓањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Таков е и примерот со спортските сали кои ги започна да ги гради ВМРО-ДПМНЕ во периодот до 2002 година. За време на СДСМ беше целосно стагниран проектот, а од 2006 година до сега  51 училишна спортска сала се изгради преку министерството за образование, а преку Агенцијата за млади и спорт 34 веќе се изградени.

Досега 74 тениски игралишта се изградени, 15 се во фаза на реализација. Од проектот за изградба на 100 повеќенаменски игралишта 56 се завршени и ставени во функција, а 22 се во фаза на градба.

 
 
31.05.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа