СДСМ и СОРОС од денеска почнуваат со блокирање на раскрсниците низ Скопје

Откако стана јасно дека нема ништо граѓанско во т.н. „шарена револуција“ СДСМ и СОРОС, соочени со се помалиот број на граѓани кои доаѓаат на нивните протести решија да го сменат планот.
Од денеска, платениците на опозицијата и соросвата фондација почнуваат со блокади на раскрсниците низ Скопје. Најавата е дека тоа ќе се случи денеска на пладне.

„Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим.

Ги замолуваме сите граѓани за трпение и за поддршка!“ – велат демонстрантите на опозицијата.

Ваквиот чекор доаѓа на само еден ден откако полицијата го запре комбето на СДСМ управувано од возачот вработен во опозициската партија во кое беа пронајдени бои и опрема за уништување и сквернавење на спомениците и објектите низ Скопје.

По тоа стана јасно дека зад протестите не стојат граѓаните, туку исклучиво  активисти на СДСМ и платеници на СОРОС кои за своето учество добиваат соодветни надокнади.

Во последните неколку недели, бројот на луѓе кои излегуваат на протестите на СДСМ и СОРОС од ден во ден значително се намалува. И порталите кои ги контролираат СОРОС и опозициската партија веќе не објавуваат фотогралерии за да не се види дека на улиците има едвај 300 граѓани.

 

Познавачите на состојбите сметаат дека блокадата на раскрсниците е чекор кој СДСМ и СОРОС го преземаат соочени со фактот дека доаѓа летниот период во кој нивните активисти ќе заминат на одмор и ќе останат без никаква поддршка.

 
 
01.06.2016 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега