ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се повеќе го губи чувството за реалност, никој не верува во приказната за грчко сценарио

Никој веќе не верува во приказната за грчко сценарио кое СДСМ се обидува да го продаде веќе 10 години по ред, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Да беа точни нините катаклизмични тврдења, Македонија уште одамна ќе банкротираше. За жал на СДСМ, согласно последните податоци на европската статистика ЕУРОСТАТ Македонија е петта најниско задолжена земја во Европа.

Лицемерието на СДСМ продолжува и со нивните напади за издавањето на државни хартии од вредност. Тие ги воведоа истите во 2004 година, ги издаваа во вредност по каматна стапка четири до пет пати повисока од денешната и добро знаат дека издавањето на ДХВ е нормален извор за финансирање на буџетските потреби кое се применува во сите економии и дека нивното издавање е важен фактор за пазарот на капитал.

Сепак во јавноста се обидуваат да ги продадат нивните ефтини лаги од Фабриките за афери дека се работи за вонредна активност која е штетна за економијата.

СДСМ се повеќе и повеќе го губи чувството за реалност и се надева дека сто пати кажана лага може да стане вистина. Не станува. Вистината е дека граѓаните умеат совршено добро да препознаат дека ВМРО-ДПМНЕ работи во нивен интерес, а СДСМ се измислици и фабрикации се обидува да го покрие сопственото неработење и неспособност.

Успех во тоа СДСМ ниту има, ниту ќе има. Кога ќе собере храброст да го погледне во очи народот кој го лаже на избори, ќе ја добие заслужената казна 10-ти пат по ред.

 
 
02.06.2016 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега