228 полициски службеници ќе се вратат на работа во местата на живеење

 

Во полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ денеска беа доделени нови решенија за распоредување на 228 полициски службеници, кои досега беа распоредени на работни места на подрачјето на СВР Скопје, односно надвор од нивното место на живеење.

Решенија ги врачија министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски, кои остварија и средба со раководството на СВР Скопје. 

Полициските службеници отсега ќе имаат можност своето знаење и стекнато искуство да го применат на новите работни позиции кои се лоцирани во нивното место на живеење.

- Овие решенија се донесени согласно основните приоритети утврдени во Стратегијата за управување со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи, а со цел зајакнување на персоналните капацитети во регионалните Сектори за внатрешни работи, како и со цел запазување на економско-социјалниот аспект од живеењето на посочените полицајци, се наведува во соопштението од МВР. 

Оттаму истакнуваат дека ќе продолжат со заложбите за јакнење на капацитетите на безбедносниот систем на Македонија, без разлика на предизвиците и ризиците со кои секојдневно се соочува.

 
 
03.06.2016 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега