Ибрахимовиќ во Јунајтед пред стартот на ЕУРО 2016

Селекторот на шведската репрезентација Ерик Хамрен индиректно потврди дека на Златан Ибрахимовиќ ќе му биде дозволено да го напушти репрезентативниот тренинг камп пред почетокот на ЕУРО 2016 во Франција, за да го комплетира трансферот во Манчестер Јунајтед, пишуваат светските медиуми.

Триесет и четири годишниот фудбалер се очекува да го комплетира трансферот на Олд Трафорд за помалку од една недела. Гардијан пак пренесува дека агентот на Златан ги договорил условоите со „Црвените ѓаволи“.

Ибра во моментов се наоѓа во Шведска каде во тек се последните подготовки пред Европското првенство.

Zlatan-Ibrahimovic-trains-ahead-of-Swedens-friendly-against-Slovenia

-Имаме слободни денови. Ги планираме нашите активности и играчите може да делуваат врз основа на истите. Не би шпекулирал за тие работи, вели Хамрен.

Швеѓанецот е слободен играч по истекот на договорот со ПСЖ.

 
 
05.06.2016 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега