ДС: Република Македонија да биде една изборна единица

Демократскиот сојуз (ДС) предлага Република Македонија да биде една изборна единица.

- Доколку Македонија биде една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, но и во голема мера ќе се намалат можностите за кршење на изборните правила, партиите ќе морат да соработуваат и ќе се создадат услови за поодговорно владеење, рече денеска на прес-конференција претседателот на ДС, Павле Трајанов

Според него, овој изборен модел отвора можност и за помалите и новоформираните партии, како и за помалите етнички заедници. Тој ги повика политичките партии, граѓанските асоцијации и сите граѓани да ја подржат оваа иницијатива. 

 
 
05.06.2016 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега