Викендов хаос, 30 несреќи: Тешко повредени 26 скопјани

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје се случиле 30 сообраќајни незгоди од кои во една потешко е повреден велосипедист, во 19 со полесни повреди се здобиле 25 лица, а 10 поминале само со материјална штета.

Сообраќајната полиција во петокот на 3 јуни изврши увид на 11 сообраќајни незгоди од кои во 10 полесно се повредени 15 лица, а една поминала само  со материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, на 4 јуни, сабота, извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои во пет со полесни повреди се здобиле шест лица, а три се со последица материјална штета.

Вчера е извршен увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои шест се со последица материјална штета, а во четири се со полесни повреди се здобиле четири лица. Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 49 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 24 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и 10 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Затекнати се и тројца пешаци кои сториле прекршоци по разни основи, како и девет возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носеле заштитен шлем

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 66 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај. 

 
 
06.06.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега