Летните температури конечно се враќаат

Времето претпладне во источните делови ќе биде нестабилно, а од пладне променливо и нестабилно ќе биде на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Температурите ќе се дцижат од 8 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 29 степени. 

Во наредните денови во попладневните часови ќе има нестабилност со променлив интензитет проследена со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено денес и утре кога се очекува на повеќе места процесите да бидат поинтензивни. Во останатите денови од работната седмица нестабилноста ќе биде локална и со послаб интензитет. Во среда дневните, а во четврток утринските температури ќе се пониски за два до три степени. 

Метеролозите најавуваат дека од следниот викенд температурите ќе бидат повисоки и ќе можеме конечно да уживаме во сончевото и топло врмеме. 

 
 
06.06.2016 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега