Вечерва Централен одбор на СДСМ

Централниот Одбор на СДСМ по подолга пауза се очекува вечерва да заседава на Бихаќка. Според неофицијалните најави, Заев ќе побара од сопартијците да се дефинираат нови чекори кои ќе ја спасат партијата од безнадежноста која расте со доаѓањето на летото. Можностите кои се на маса, како што Пресс24 објави уште минатата недела се врзани со идното функционирање на Собранието. Се шпекулира со можностите за блокирање на работата на Законодавниот дом како и можноста СДСМ повторно да се реши на бојкот на Парламентот. Професорот Оливер Андонов минатата недела коментирајќи ги ваквите најави оцени дека се работи за обид за прикривање на неуспехот на таканаречената Шарена револуција. Централниот одбор се очекува да започне по 18 часот, односно откако Шарената револуција ќе ги каже своите барања.

 
 
06.06.2016 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега