Николов: Вклучувањето во "Јужен тек" е благодет за македонската индустрија

Потпишувањето на Договорот за Јужен тек ќе има позитивно влијание врз индустријата во земјава, смета Николајчо Николаов, заменик генерален директор на „Бучим“.

- Иако гасификацијата во Македонија е почната многу одамна, реално благодетот од примената на гасот кој се смета за поевтино гориво од другите што се користат во Македонија се уште не е почувствувана. Една од причините е што имавме многу мали потрошувачи и многу скап гас, изјави Николаев.

Потенцира дека вкупните благодети треба да бидат големи и дека на ова прашање треба да се работи сериозно и на тој начин индустријата да се растерети со еден значителен трошок.  Смета дека треба да се подготват и другите параметри како внатрешната мрежа и поврзувањето со потрошувачите.  

- Вкупното работење во рударскиот сектор е добро и очекуваме дека до крајот на годината вака ќе завршиме и покрај тоа што во Европа се смета за кризна година, истакна Николаев.

Договорот со Руската Федерација за Јужен тек беше потпиан вчера во Москва. Македонија се вклучува со крак, а од каде ќе се гради дали од Србија или Бугарија треба да одлучи „Газпром“.  

Според Владата, со тоа ќе се обезбеди енергетска стабилност на долг рок, доволни количини гас и понатамошен развој на гасната инфраструктура во Македонија.

ФОТО: Влада

 

 

најчитано сега