СДСМ води политика и на грбот на оризарите

СДСМ води политика и на грбот на лицата кои произведуваат ориз.

Земјоделците од кочанско се жалат на притисоци и велат дека само членови на СДСМ можат да работат во овој сектор.

На лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој вчера ги посети, му предочија дека сите фабрики таму се на СДСМ и дека покрај вишоците на ориз, во продажбата улога игра и партиската припадност.

-Тие што произведуваат ориз кога ќе дојдат во фирмите за откупување сите се од СДСМ. Ако дојде некој член на ВМРО-ДПМНЕ да даде ориз, тие се консултираат со претседателот на месен комитет на СДСМ за да прашаат дали оној кој продава ориз е член на СДСМ. Ако е член на ВМРО-ДПМНЕ, го враќаат назад, велат земјоделците.

-Сите фирми се на СДСМ. Тие се преработувачи, откупувачи и продавачи. Трите функции ги вршат. Трговци не смеат да влезат во круг никако. Веднаш се вика инспекција и стопираат, посочи одгледувач на ориз.

 

 
 
06.06.2016 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа