ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ единствена опозиција која бега од избори

 Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на  одлуките од синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ  оценува дека СДСМ продолжува да функционира според, како што наведува, нивното деструктивно мото „колку полошо за државата и народот, толку подобро за партијата".

СДСМ, потенцира ВМРО-ДПМНЕ, е единствената опозиција која бега од избори и бегството од избори го прославува како победа. Толкав е стравот на Заев од соочување со граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Централниот одбор вчера потврдил дека „му честитал на единствениот аболиран политичар што ја продолжил кризата во државата со цел да не се соочи со тежок изборен пораз и казна од мнозинството граѓани“.

- Централниот одбор, му честитал на Заев, помилуван за криминал од 8 милиони евра, што ќе ја малтретира Македонија уште којзнае колку време само за да избега од реалноста и вистината дека народот не ја прифаќа неговата деструктивна и манипулативна политика и нема да се согласи Заев и СДСМ да ја водат државата. Централниот одбор му честитал на Заев за тоа што не си поднел барање за повлекување на аболицијата за „Глобал" покажувајќи дека за сите граѓани важат законите и може да одговараат кривично, а само за него не. На тој начин СДСМ останува единствената партија која има лидер, осомничен дека украл 8 милиони евра, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
07.06.2016 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега