Стевананџија: СДСМ сака да го уништи квалитетот во високото образование

-     

Вистинска опозиција денес интерпелацијата би ја започнала со осуда за тоа што вчера се случувало на економскиот факултет. Ете, тоа е брутално кршење на правата на студентите. Мито, корупција и што е најтрагично дел од студентите биле и злоставувани. Тоа е тоа што вие жестоко го оправдувате и браните. Што е кривицата на нашата почитувана колешка Олга Најденовска? Затоа што сака искрено да се бори за квалитетот на овој закон за образование, тоа што нејзе навистина и е должност и што го правеше сите овие денови кога заседаваше Комисијата за образование,  реплицираше денес пратеникот Димотер Стевананџија од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Стевананџија истакна дека денес СДСМ преку интерпелацијата на Олга Најденовска само ќе се обиде да го навреди и оцрни ликот на пратеничката и дека најмалку им била целта да дискутираат за оформувањето на новиот Универзитет Дамјан Груев.

-         

Да објасниме на македонската јавност да нема заблуда што с случува денеска. Сето ова гореспоменатово е само типична комунистичка форма. Форма различна од содржината. Каде што треба со клевети и оцрнување на ликот на нашата колешка да се девалвира квалитетот на високото образование и тоа од оние кои што најмалку имаат право да зборуваат за образование, а според последните случувања со шарената револуција и за културата, рече Стевананџија.

Исто така во продолжение пратеникот посочи дека со 996те поднесени амандмани на законот со кој што треба да се оформи новиот универзитет, СДСМ јасно кажа дека нема да дозволат студентите кои што во иднина треба да бидат репрезент на македонското високо образование да се едуцираат од најдобрите светски професори.

 

-         

СДСМ сака да го инушти квалитетот во високото образование. Со 996 поднесени амандмани тие директно кажаа дека нема да дозволат овој универзитет да биде оформен.Станува збор за педесетина студенти кои што ќе се едуцираат од најдобрите светски професори. Студенти кои што во иднина ќе бидат репрезент на квалитетот на македонското високо образование. Ете почитувани македонски граѓани, СДСМ со оваа интерпелација покажа и докажа дека дека се бори да не заживее нов универзитет кој што треба да нуди култура, истакна пратеникот.

 
 
07.06.2016 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа