Ласовка до Сугаревски: Вашата цел на Комисијата за образование беше да предизвикате инцидент

Пратеникот Благица Ласовска од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по денешните напади од страна на СДСМ за колешката Олга Најденовска за која што денес има интерпелација во Собранието, го потсети пратеникот Сугарески на неодамнешното скандалозно однесување на нивната пратеничка Лидија Димова која што во Собранието скокаше врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

-         

Веднаш да ве прашам како Координатор на Пратеничката група на СДСМ. Конкретно за колешката Лидија Димова. Вие не бевте тогаш, незнам дали знаете што се случи. Таа многу непристојно од нејзина страна, скокаше врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Скокајќи врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ таа не скокаше врз хартија,  туку скокаше врз 500 илјади луѓе кои што ја гласале таа програма. За мене да бидам искрена ова е многу непотребна и небулозна идеја затоа што колешката Олга Најденовска прво и пред се е пратеник избрана за претседател на Комисијата за образование, наука и спорт. За мене е небулозно да поднесувате интерпелација за пратеник.  Пратениците ги бира народот, истакна Ласовска.

Ласовка истакна дека интерпелацијата која што е поднесена во најмала рака била срамна и содржела низа на несоодветни  зборови. Исто така Ласовска обвини дека СДСМ на Комисијата за образование, наука и спорт сакала да предизвика физички инцидент.

 

-         

Рековте говорот на колешката Најденовска бил срамен.Читајќи ја вашата интерпелација, не само што е срамна туку и аналфабетска. Имате употребено толку многу зборови недоветни, несоодветни, што не би сакала да го губам времето да читам. Значи срамна е вашата интерпелација . Срамни се наводите што вие ги наведувате дека е скршен деловникот и уставот. Апсолутно не се согласувам. Вие сакавте да предизвикате физички инциденти во Собранието на Република Македонија на Комисијата за образование, наука и спорт затоа што вашата интенција, да не се донесе законот за формирање на Универзитетот Дамјан Груев. Јас одговорно тврдам дека колешката Олга Најденовска сосема совесно и стручно си ја вршеше и и си ја врши работата и тука би сакала да го покажам и стенограмот кој што вие цело време го негирате, а тоа значи дека ние сите членови на комисијата за образование гласавме за таа предлог одлука која што ја предложи колешката Олга Најденовска, реплицираше Ласовска до Сугарески.

 
 
07.06.2016 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа