Кузмановска до СДСМ: Вие работите под диктат на едно предавничко, уништувачко и криминално аболицирано злосторничко здружение

Лилјана Кузмановка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес по повод интерпелацијата на Олга Најденовска во Собранието на Република Македонија ги обвини пратениците од СДСМ дека СДСМ е против формирањето на нов универзитет во Република Македонија.

-         

Денес интерпелацијата не е за претседателката Најденовска. Денес всушност вие во вашиот говор сте против формирањето на нов универзитет. Значи со самото тоа што вие поднесовте околу 1000 амандмани, македонската јавност виде дека вие ја опструирате работата на оваа комисја. И денешната седница ја користите преку клевети, преку омаловажувања на наши видни челнови на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, на министри и директори, да го сведите на ниво и на пратеници. До толку падна нивото и дигнитетот на една политичка партија како што е СДСМ. Вие всушност зафаќате страна на еден концепт каде што сте против формирањето на еден универзитет кој треба да создаде услови за едукација за нашите студенти, на нашите деца. Многу пати кажавте дека е кршена проедурата во член 128 од деловникот став 4 јасно се кажува дека внатре комисијата доколку нема деловник за работа со мнозинстов на гласови ги дава упатствата за тоа како ќе се работи на комисијата. И тоа е направено, рече Кузмановска.

Кузмановска додаде дека СДСМ денес е партија која што работи под диктат на едно подло, предавнично и уништувачко злосторничко здружение и  против интересите на РЕпублика Македонија.

-         

Зошто ја лажете македонската јавност? Зошто не им кажете дека вие имате друг концепт на работа? Многу пати кажавте со тоа почнавте но јас ќе завршам, не е мој стил меѓутоа претеравте почитуван колега. Вие работите под диктат на едно предавничко, уништувачко, подло и криминално аболицирано злосторничко здружение кое што работи против интересите на Република Македонија. Историјата и времето ќе го покаже тоа, посочи Лилјана Кузмановска.

 

 

 
 
07.06.2016 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега