Македонска Каменица подготвена за „Бабина баница“

Манифестацијата „Бабина баница“ што се одржува во Македонска Каменица од годинава прераснува во интернационална, со учество на гости од Србија и Бугарија.
 
Според програмата, покрај традиционалниот натпревар во приготвување баница под вршник на отворено, ќе има и ликовна колонија и фолклорна ревија во организација на здруженијата на пенизонерите, како и богата културно- уметничка програма.
 
Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека за учество на манифестацијата која има за цел промоција на старата кулинарска традиција и на фолклорот, се пријавени 40 здруженија на пензионери од земјава, а Макдонска Каменица и туристичкиот комплекс Еленец, очекуваат да пречекаат 5.000 гости.
 
 
- Настанот ќе се случи на 12 јуни на туристичкиот локалитет Еленец. Покрај приготвувањето баница на стар автентичен начин од страна на вредни домаќинки кои учествуваат во натпреварувачиот дел,  и оваа година ќе биде организирана ликовна колонија, а ќе има и фолклорната ревија, но ново е што ќе имаме гости од Србија и Бугарија со што ќе ѝ дадеме на манифестацијата меѓународен карактер. Се надеваме дека ќе нѐ послужи времето, и дека освен пензионерите, овде ќе дојдат и многу граѓани од Источна Македонија, како секоја година, рече Митевски и додаде дека традиционално, ќе биде послужен ручек кој се приготвува во старите котли од манастирската кујна.
 
Организатор на 5. „Бабина баница“ е Здружението на пензионери од Македонска Каменица, со поддршка на Општината и неколку локални институции. Манифестацијата претставува можност за промоција на туристичкиот локалитет Еленец кај Цера. 
 
 
07.06.2016 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега