Голема акција на Државниот инспекторат во Охрид и Струга
Вонреден инспекциски надзор во повеќе угостителски објекти во Охрид и во Струга, спровеле инспекторите на Државниот инспекторат за земјоделство кои постапувале по Законот за рибарство и аквакултура, односно околу пуштањето риба во промет.
- Извршена е 31 контрола и составени се записници во угостителски објекти во Охрид и во Струга. Прегледани се 579,28 килограми различни видови риба со соодветна документација. Од еден објект каде што е регистрирана неправилност е одземена риба и против истиот ќе биде поведена соодветна постапка, соопшти Државниот инспекторат за земјоделство.
Воедно, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски апелира да се почитуваат одредбите од Законот за рибарство и аквакултура и најави интензивни активности на инспекторите од оваа институција на терен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа