Неделата почна црно: Силување и трагедија ја потресоа Македонија

Хорор ја потресе Македонија. Завчера во 13 часот и 10 минути било пријавено силување на детенце. 32-годишната В.М. пријавила дека 73-годишниот Т.Т. извршил полов напад врз нејзината седумгодишна ќерка. Додека детето се враќало од училиште по улицата „Св.Климент Охридски“, монструмот ја викнал и извршил полови дејствија врз неа.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Околу 6 часот и 50 минути трагедија се случи во затворот Идризово. Осуденикот А.П. (43) бил пронајден во безсознание, а додека го транспортирале кон Ургентен центар , за жал починал. Смрт е констатирана од Итна медицинска помош, а телото на починатиот е предадено во Институтот за Судска Медицина за обдукција.

Во 13 часот и 30 минути во селото Мралино, скопско, додека 63-годишниот Ч.Д. работел на фасада на куќа, паднал од скеле. Според податоците од полциијата, тој бил итно пренесен во „Св Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош и констатирани му се  тешки телесни повреди. 

 

Поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Ургентниот центар. 

 
 
08.06.2016 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега