Полицијата демне на улиците: Повторно голем број повредени

Нема крај на сообраќајките на скопските улици. Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле девет сообраќајки од кои четири поминале само со материјална штета, додека во пет со повреди се здобиле пет лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, вчера по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Дванаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи за време на управување на моторните возила биле под дејство на алкохол, четворица поминале на црвено светло  на семафорот, осум лица за време на  управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Затекнати се и тројца возачи  кои за време на управување на велосипед со мотор,  мопед и  мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.

Со помош на  специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 74 возила.

Во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ објект „Пинокио“ која се наоѓат на подрачјето на општина Центар.

 
 
08.06.2016 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега