Зоран Петрески: Летуваат во луксуз, а алиментација плаќаат само преку извршител

Граѓаните не се најголемите и најчестите должници кои завршуваат на Извршител, напротив фирми и лица со имот и пари. Претседателот на Комората за извршители, Зоран Петрески во интервју за Прес24, вели дека е погрешно да се стави равенство помеѓу граѓаните и должниците. Должници се фирми, приватни компании, Локални самоуправи,  јавни претпријатија,  државни органи, вели Петрески во интервјуто.

-Во исто време огромен број  доверители се граѓани кои имаат свои побарувања така што погрешна е сликата дека должник е граѓанин кој едвај врзува крај со крај. Должниците често се правни лица кои имаат и имот и пари како и физички лица кои живеат во луксуз, но не сакаат да ги платат своите долгови. Имаме физички лица кои летуваат на монденски места,  возат скапи автомобили, поседуваат имот за кој обичниот граѓанин може да сонува и не сакаат да ги вратат позајмените пари или да платат алиментација, вели Претседателот на Комората на Извршители во интервјуто за Прес24.

Петрески вели дека Извршителите се свесни за негативната слика како перцепцијата во јавноста, но вели дека тие се последната фаза од реализација на правдата.

-Зад секое наше постапување постои нечие право утврдено со судска одлука или нотарски договор. Ние не извршуваме по сопствено видување. Да ние извршуваме присилно и како и секоја присила и нашата не е популарна. Ние сме егзекутори кои наплаќаат алиментација во име на самохрани родители, егзекутори сме кога враќаме работниците на работа и кога присилно ги наплаќаме заостанатите плати од работодавците. Егзекутори сме и кога од државата одземаме пари за да им ги вратиме на фирмите или на граѓаните кои таа им ги должи. Егзекутори сме и тогаш кога одземаме пари од една фирма за да и ги вратиме на другата фирма или кога одземаме пари или предмети од едниот комшија за да му ги дадеме на другиот комшија бидејќи претходно истиот му ги позајмил. Да егзекутори сме и тогаш кога наплаќаме заостанати сметки за струја, вода или телефон. Но ќе се сложите дека сите треба да ги плаќаат своите сметки. Морам да потенцирам дека корисниците на социјална помош се ослободени од извршување, вели Петрески за Прес24.

-Свесни сме дека постојат граѓани на кои им е тешко да ги подмират долговите, но тоа се решава на друг начин не со викање УА по извршителите. За ова морам да кажам дека се виновни и некои политичари кои во текот на изборните кампањи сакајќи да купат некој глас се нафрлаат врз нашата фела не размислувајќи какви штети нанесуваат и на службата и на доверителите но пред се на државата, потенцира Претседателот на комората за Извршители, во интервјуто.

Во поглед на се почестите случаи кога граѓаните за своите долгови дека завршиле на извршител дознаваат откако ќе им биде блокирана сметката и обвинувањата за некаква спрега со нотарите, Петрески вели дека таков нешто не невозможно.

-Таква спрега е невозможна. Вакви обвинувања  има и за судовите дека должниците не знаеле дека некој ги тужел. Нотарот или Судот во моментот на донесувањето на извршната исправа нема претстава дали истата ќе стигне кај извршител, нема претстава ниту кога таа ќе биде дадена на извршител, уште помалку знае кај кој извршител таа ќе биде дадена, така што спрега помеѓу Нотар и Извршител како и помеѓу Судија и извршител невозможно е да има. Воедно сите три професии работиме според строго определени законски прописи кои оневозможуваат било какви манипулации истовремено овозможувајќи на секоја странка да ги заштити своите права, вели Петрески за Прес24.

Тој потенцира дека државните институции исто така се предмет на извршување таму извршувањето оди најлесно. Потенцира дека политиката досега стоела настрана и очекува дека така состојбата во оваа сфера така и ќе остане.

-Политиката во изминатите 10 години стоела настрана од извршувањето и убеден сум дека тоа така и ќе остане. Извршителите постојано извршуваат државни институции, во минатото многу почесто, денес финансиската дициплина е присутна и кај државата. Извршувани биле институции и  Министерства како оние за Внатрешни, Финансии и Правда од кои во голема мера зависиме бидејќи ја контролираат нашата работа, но никогаш не се случило да има притисоци кои ќе значат неизвршување на предмет. Едноставно тоа е невозможно од причина што извршителот се наоѓа помеѓу чеканот и наковалната, помеѓу должникот и доверителот и тука извршителот мора совршено да балансира постапувајќи строго по закон доколку од било какви причини тој баланс се наруши, веднаш имате приговори, претставки, па и тужби од било која страна така што за вас како извршител најбезбедно е да се придржувате и работите според законските прописи, вели Зоран Петрески, претседател на Комората на Извршители, во интервјуто за Прес24.

 

ПРЕС24: Веќе втор мандат сте на позицијата Претседател на комората на извршители. Во него ќе треба да е сумираат и резултатите од новиот закон за извршување, донесен неодамна. Што очекувате во кој правец ќе се движат работите, во интерес на должниците или на извршителите?

ПЕТРЕСКИ: Што мислите во чија корист треба да бидат промените во законите во интерес на оние кои ги кршат законите или на оние кои ги штитат законите на пример полицијата?

Погрешно е да се стави равенство помеѓу граѓаните и должниците. Должници се фирми, приватни компании, Локални самоуправи,  јавни претпријатија,  државни органи. Во исто време огромен број  доверители се граѓани кои имаат свои побарувања така што погрешна е сликата дека должник е граѓанин кој едвај врзува крај со крај. Должниците често се правни лица кои имаат и имот и пари како и физички лица кои живеат во луксуз, но не сакаат да ги платат своите долгови. Имаме физички лица кои летуваат на монденски места,  возат скапи автомобили, поседуваат имот за кој обичниот граѓанин може да сонува и не сакаат да ги вратат позајмените пари или да платат алиментација.

Постојано потенцираме дека Извршувањето и Извршителите не постојат заради оние граѓани кои не можат да си ги платат комуналните давачки туку постојат како гаранција дека пресудите треба да се извршат односно договорите спроведат. Ние извршуваме долгови од лица и фирми ја извршуваме и државата во корист на физички лица и фирми заради тоа што не сакаат да ги платат своите долгови. Замислете ситуација во која не би постоела присилната наплата дали некој би плаќал за нешто?  Таква беше состојбата пред десетина години, ќе добиете пресудата на суд, но со неа можете само да се фалите и ништо друго. Денес е поинаку, превенцијата е поважна од самата присила, со самиот факт што субјектите знаат дека порано или подоцна присилно ќе бидат извршени си ги плаќаат обврските навреме.

ПРЕС24: Една од новините беше вонсудска наплата на долгови од комунални услуги. Што подразбира тоа и дали веќе функционира?

ПЕТРЕСКИ: Новиот закон за извршување ќе почне да се применува по 20 Август оваа година. Вонсудската наплата е новиот инструмент како што велите во интерес на должниците се воведува како заштита за оние граѓани кои не се во можност да ги платат своите долгови за комунални услуги. Имено пред воопшто да почне постапката за тужење од страна на компаниите кои испорачуваат комунални услуги ќе треба да се обидат вонсудски преку извршител да ги наплатат своите побарувања, во момент кога истите не се оптоварени со трошоци на постапката за тужење, без големи камати и без вообичаените извршни трошоци. Значи еден долг кога го наплаќа извршителот содржи, Главен долг, камата, трошоци за постапка на тужење, адвокатски трошоци, нотарски трошоци и други материјални трошоци, Вонсудската наплата ќе биде можност да се избегнат сите овие трошоци.

ПРЕС24: Во јавноста има една перцепција за извршителите како за егзекутори, особено кога станува збор за сликата што ја имаат граѓаните, физичките лица. Дали тоа е така поради трошоците кои се додаваат за извршување, или пак поради недоволна пи-ар страгегија на извршителите за запознавање на нивната работа?

ПЕТРЕСКИ: Ние сме последната фаза од реализација на правдата. Зад секое наше постапување постои нечие право утврдено со судска одлука или нотарски договор. Ние не извршуваме по сопствено видување. Да ние извршуваме присилно и како и секоја присила и нашата не е популарна. Ние сме егзекутори кои наплаќаат алиментација во име на самохрани родители, егзекутори сме кога враќаме работниците на работа и кога присилно ги наплаќаме заостанатите плати од работодавците. Егзекутори сме и кога од државата одземаме пари за да им ги вратиме на фирмите или на граѓаните кои таа им ги должи. Егзекутори сме и тогаш кога одземаме пари од една фирма за да и ги вратиме на другата фирма или кога одземаме пари или предмети од едниот комшија за да му ги дадеме на другиот комшија бидејќи претходно истиот му ги позајмил. Да егзекутори сме и тогаш кога наплаќаме заостанати сметки за струја, вода или телефон. Но ќе се сложите дека сите треба да ги плаќаат своите сметки. Морам да потенцирам дека корисниците на социјална помош се ослободени од извршување.

Свесни сме дека постојат граѓани на кои им е тешко да ги подмират долговите, но тоа се решава на друг начин не со викање УА по извршителите. За ова морам да кажам дека се виновни и некои политичари кои во текот на изборните кампањи сакајќи да купат некој глас се нафрлаат врз нашата фела не размислувајќи какви штети нанесуваат и на службата и на доверителите но пред се на државата. Ние како комора се трудиме постојано да објаснуваме и да одговараме на сите прашања но некако вистината бавно стигнува до крајната цел. Еве на пример вистината дека извршните трошоци и награди  се многу мали во однос на вкупниот долг но тоа потешко стигнува до јавноста наспроти сензационалистичкото извршителите ги дерат граѓаните.

ПРЕС24: Многу примери на граѓаните покажуваат еден друг проблем, кој како да станува правило. Од блокирање на сметка или во последна крајна фаза, дознаваат дека тие се во постапка пред извршител. Во што е проблемот?

ПЕТРЕСКИ: Постојат такви случаи, иако многу малку тие како што веќе спомнав полесно добиваат на гласност. Причините се повеќе, но најчести се кога граѓанинот ја променил адресата на живеење  односно правното лице своето седиште и за тоа не го известиле МВР или доверителот, најчесто комунално претпријатие. Дополнително често странките знаат да ги занемарат известувањата од поштата или приватните доставни служби за тоа дека има допис до нив и си велат јас не сум добил ништо на рака. Сето тоа резултира со изненаденост дека сметката е блокирана.

Не велам дека не се случуваат грешки и кај Судот и кај нотарите и кај извршителите, но вообичаено по приговор за неуредна достава овие предмети се запираат, односно се враќаат назад на повторно процесуирање.

ПРЕС24: Претпоставувам дека сте ги слушнале обвинувањата од типот „нотарот не те известил за да завршиш кај извршител“. Постои ли спрега меѓу нотари и извршители?

ПЕТРЕСКИ: Апсолутно не. Таква спрега е невозможна. Вакви обвинувања  има и за судовите дека должниците не знаеле дека некој ги тужел. Нотарот или Судот во моментот на донесувањето на извршната исправа нема претстава дали истата ќе стигне кај извршител, нема претстава ниту кога таа ќе биде дадена на извршител, уште помалку знае кај кој извршител таа ќе биде дадена, така што спрега помеѓу Нотар и Извршител како и помеѓу Судија и извршител невозможно е да има. Воедно сите три професии работиме според строго определени законски прописи кои оневозможуваат било какви манипулации истовремено овозможувајќи на секоја странка да ги заштити своите права.

ПРЕС24: Некаде прочитав бројка дека последните години биле спроведени околу 900.000 извршни предмети. Не е ли тоа голема бројка?

ПЕТРЕСКИ: Во изминатите 10 години во сите канцеларии во Република Македонија се примени вкупно  895 224 барања за извршувања. Во просек во последните неколку години примаме околу 150 000 предмети годишно и таа бројка се намалува континуирано како резултат на превентивната функција на извршувањето. Споредено со бројот на население и економската моќ на државата ние сме и под европскиот, но и под регионалниот просек.

ПРЕС24: Имате ли анализи на тие предмети, на што се должи таа ситуација толку многу луѓе да завршат на извршител. Станува збор за неодговорност на граѓаните кон своите долгови, на економска криза, на што?

ПЕТРЕСКИ: Холандија е една од најразвиените Европски држави и секоја година само по основ на неплатено здравствено осигурување на извршител завршуваат помеѓу 300 и 500 000 граѓани.  Во Европа извршителите постојат повеќе од 200 години, но еве и ден денес има огромен број предмети и исто така огромен број на извршители кои работат, пример во Франција има 3 000 извршители.

ПРЕС24: Што е полесно да се наплати како долг, од физички лица или од правни?

ПЕТРЕСКИ: Нема правило, се зависи од имотната состојба на должникот. Доколку фирмата односно правното лице солидно работи внимава да не дојде до извршување, но и да се случи тоа долгот се наплаќа брзо. Доколку ситуацијата е обратна и правното лице не работи и не создава нови приходи можноста да се наплати е помала. Истото важи и за физичките лица.

ПРЕС24: Колку трае еден процес на извршување?

ПЕТРЕСКИ: Должината на завршувањето на еден предмет зависи од многу фактори. Од видот и големината на побарувањето, но и од статусот на должникот односно колку е тој задолжен.

Некои предмети се завршуваат за неколку дена од денот на поднесувањето на барањето за извршување  а некои и за неколку години. Одредени предмети не се завршуваат ниту за 10 години.

ПРЕС24: Има ли предмети кои никогаш нема да можат да се наплатат?

ПЕТРЕСКИ: Има. Доколку Должникот нема никаков имот ниту примања. Правните лица можат да завршат со стечај и ликвидација и предметот да не се изврши. Додека  доколку физичкото лице почине и како што реков нема имот кој би бил предмет на наследување исто така предметот се затвара незавршен.

ПРЕС24: Што станува со државните должници, институциите, јавните претпријатија, министерствата... има такви предмети? Се процесуираат или стојат во фиоки?

ПЕТРЕСКИ: Државните институции се предмет на извршување и да бидам искрен најлесни се за извршување бидејќи државата секогаш има пари. Има неколку примери каде не постои можност да се наплатат побарувањата од државни институции пример за тоа е Македонија пат, која има висок лимит определен од претседателот на судот, лимит под кој не можеме да извршуваме така што во моментов стотици предмети чекаат на ред за извршување и по неколку години.

ПРЕС24: Јавноста Ве знае како политичар, зошто по долги години политички ангажман, ја напуштивте активната политика?

ПЕТРЕСКИ: Не може човек цел живот да се занимава со политика, тоа не е здраво ниту за човекот ниту за политиката.

ПРЕС24: Влијае ли актуелната политичка состојба врз работата на извршителите?

ПЕТРЕСКИ: Секако дека влијае и тоа негативно. Во услови на било какви тензии стравот кај луѓето е присутен и нивните реакции се поемотивни и кај доверителите и кај должниците. Погрешно е мислењето дека извршителите имаат повеќе работа во криза,  напротив најмногу работа има кога економскиот развој е солиден и кога економските движења се во нагорна линија за тоа говорат анализите на меѓународната унија на извршители, но и домашните показатели дека  извршителите, “најдобро работеле” во 2008 и 2009  годините кога во Република Македонија имаше најголем економски раст.

ПРЕС24: Има ли политички притисоци, или пак некоја друга форма на некој предмет да остане непроцесиуран?

ПЕТРЕСКИ: Апсолутно не. Политиката во изминатите 10 години стоела настрана од извршувањето и убеден сум дека тоа така и ќе остане. Извршителите постојано извршуваат државни институции, во минатото многу почесто, денес финансиската дициплина е присутна и кај државата. Извршувани биле институции и  Министерства како оние за Внатрешни, Финансии и Правда од кои во голема мера зависиме бидејќи ја контролираат нашата работа, но никогаш не се случило да има притисоци кои ќе значат неизвршување на предмет. Едноставно тоа е невозможно од причина што извршителот се наоѓа помеѓу чеканот и наковалната, помеѓу должникот и доверителот и тука извршителот мора совршено да балансира постапувајќи строго по закон доколку од било какви причини тој баланс се наруши, веднаш имате приговори, претставки, па и тужби од било која страна така што за вас како извршител најбезбедно е да се придржувате и работите според законските прописи.

Предмет може да остане незавршен само ако должникот нема средства без разлика дали е правно или физичко лице, долгот не застарува, но доколку должникот нема средства извршувањето е невозможно.

ПРЕС24: Како одговарате на жалбите од граѓаните за работата на извршителите?

 

ПЕТРЕСКИ: На ова прашање како Комора на извршители често одговараме и без да ни биде поставено. Секоја странка во извршувањето има право на приговор до претседателот на судот на секое дејствие на извршителот, а потоа и право на жалба до Апелациониот суд. Дополнително има можност на претставка до Комората на Извршители и до Министерството за правда. Важно е да се потенцира дека во текот на последните неколку години во просек сите извршители во РМ добиваат  околу 150 000 барања за извршување,  во комората и министерството за правда стигнуваат помеѓу 200 и 300 претставки во текот на една година од кои над  50% од овие претставки се од доверителите кои се жалат дека извршителите го оддолговлекуваат извршувањето односно дека го штитат должникот и слично. Сега вие сами заклучете дали извршителите работат совесно и професионално или не.

 
 
08.06.2016 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега