Хајндл на средба со министерот Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со амбасадорот Јоханес Хајндл, во контекст на неговата мисија како специјален пратеник за Македонија на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, соопшти денеска МНР.

– Соговорниците разменија мислења околу напорите за надминување на политичката криза и насочување кон реформите кои се од клучно значење за следниот есенски извештај на Европската Комисија, како и задржување на  препораката за водење на пристапни преговори со ЕУ, се наведува во соопштението од МНР.

 
 
08.06.2016 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега