Полициска бркотница во близина на Скопје - полицаец итно на Ургентен

Полициска акција во близина на Скопје заврши со последици на еден полицаец. 

Вчера околу 19:30 часот во село Ржаничино, скопско, полициски службеници забележале два џипа без регистарски ознаки и околу пет метри кубни огревно дрво растоварени во дворот од две непознати лица и Д.Н. (27) од село Орешани.

Откако ги забележале полициските службеници лицата се дале во бегство. Двете непознати лица успеале да побегнат, додека Д.Н. бил спречен во таа намера.  

Во моментот на легитимирање истиот со тупаница удрил полициски службеник во пределот на главата и почнал да бега. Набргу бил фатен и приведен во Полициската станица Петровец.

На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани телесни повреди во пределот на главата по што е пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите сторители за целосно расчистување на случајот.

 
 
08.06.2016 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега