Само Заев може да ја поништи аболицијата за Глобал и тоа само со еден потпис

Само едно писмо е потребно да напише лидерот на СДСМ Зоран Заев за да му биде поништена аболицијата за случајот Глобал. Согласно измените во Законот за помилување, Претседателот Иванов нема можност сам да ја повлече аболицијата за Заев донесена пред 8 години, бидејќи за неа е спроведена постапка за помилување од страна на тогашниот Претседател Бранко Црвенковски.
Во тој дел законот е јасен па оттука, Заев може да биде сигурен, дека без негово барање, никој не може да ја поништи неговата аболиција.

Претседателот на Републиката може во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување.“ стои во измената која се вметна како член 11-а во Законот за помилување.

Овој член очигледно му е добро познат на Заев па токму затоа, тој вчера на прес конференција го повика Претседателот Иванов доколку има уставна можност да ја повлече аболицијата за Глобал.

„ Јавно го повикувам Ѓорге Иванов да ја укиние и аболицијата за Глобал, ако за тоа има правна и уставна можност.Криминалот во Глобал е само во главата на Груевски, криминал нема.Затоа барама повлекување на аболицијата рече вчера Заев.

Но и Заев а и неговите соработници во СДСМ знаат дека измените во Законот за помилување содржат уште еден став во членот 11-а, а тој му дозволува на Заев сам да побара од Иванов да биде помилуван за случајот Глобал, по што на Претседателот нема да му остане друга можност освен да ја поништи аболицијата, бидејќи на тоа го обврзува Законот.

            „Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување.

            Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 3, да ја поништи донесената одлука.– стои во членот 11-а кои со измените од минатиот месец е внесен во Законот за помилување.

Овој став во Законот за помилување ги открива вистински стравови на Заев од можноста да одговара за криминалот тежок 8 милиони евра за кој беше обвинет од страна на Обвинителството.
Во такви околности тој останува единствениот политичар во Македонија кој е аболициран што испраќа лоша порака до граѓаните кои очекуваат токму политичарите да бидат тие кои ќе се залагаат за начелото дека законот важи подеднакво за сите.

 
 
08.06.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега