СДСМ порача и испорача: „Ако треба и ќе се тепаме“ (ВИДЕО)

СДСМ најави и реализираше – активистите на партијата кои денеска блокираа неколку крстосници во Скопје прво најавија, а веднаш потоа и го реализираа најавеното – истепаа граѓанин кој случајно се нашол на местото на нивниот протест преку блокирање крстосници.

СДСМ-овските шарени платеници покажуваат се поголема нервоза и очајнички потези откако и после 2 месеци протестирање по улици и нанесување штета на државен имот, нивното платеничко движење оди во надолна линија и ја нема поддршката од граѓаните поради својата деструтивност и насилство.

Еден од говорниците на СДСМ денеска најави дека „ако требало и ќе се тепале“ на улица, нагласувајќи дека мисли буквално на физичка пресметка по улиците на Скопје. Неколку минути подоцна – тепањето се случи.

Индикативно е што истиот говорник го имаше во мал дел во својот прилог за протестите и телевизија Телма, која не го пренесе овој дел во кој активистот на СДСМ се заканува со тепање на граѓани. Телма воопшто не ја информираше јавноста и за скандалозниот инцидент кој подоцна се случи и во кој беше буквално реализирана заканата дека СДСМ ќе започне со тепање граѓани по улица.

Ова е втор инцидент во кој СДСМ напаѓа обични граѓани. Минатата недела очајот и гневот на шарените платеници беше истурен врз родител кој своето дете го носел на лекарски преглед и случајно налетал на толпата која физички го нападна и сакаше да го линчува.

 
 
08.06.2016 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега