Иванов и честиташе на британската кралица за доаѓањето на свет на кралското бебе

Денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов упати писмо со честитка до кралицата на Велика Британија Елизабета Втора по повод раѓањето на кралското бебе.

- Уверен дека новороденчето е вистински благослов за кралското семејство и за Вашата голема нација, убеден сум дека Вашиот правнук ќе ја обезбеди иднината на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, и дека ќе продолжи по стапките на мудрото и посветено владеење. Воедно, ја користам оваа свечена пригода за да го поздравам постојаниот подем во развојот на традиционално добрите односи и соработката меѓу нашите две пријателски држави, вели Иванов во честитиката до кралицата.

најчитано сега