Во Скопје ќе се гради нова Католичка црква во чест на светицата Мајка Тереза

Католички храм ,,Мајка Тереза‘‘ ќе се гради во Скопје. По канонизацијата на најголемата хуманитарка на 4ти септември во Ватикан, таа ќе биде првата скопјанка која е прогласена за светец во целиот католички свет.  Бискупот Киро Стојанов најави дека и  спомен куќата  ќе биде прогласена за светилиште. Во чест на Гонџа Бојаџиу почесниот одбор ќе приреди татковинска прослава во нејзиниот роден град под мотото, Денови на Блажена Мајка Тереза. Покровител на настаните по канонизацијата е претседателот на државата, пишува Сител.

4ти септември ќе биде денот кога ќе се слави светоста на Мајка Тереза и нејзините многубројни хуманитарни дела низ светот. Во септември ќе се одржат низа настани во име на Мајка Тереза, посветени за хуманитарните организации, лекарите, свештениците и сестрите следбенички на нејзината мисија. 

На контитутивната седница присуствуваа претставници на државниот врв, градоначалникот на Град СКопје, академската заедница и многу други институции кои ќе дадат свој придонес во одбележувањето на канонизацијата на најпознатата скопјанка. Гонџа Бојаџиу е родена 1910 година во Скопје, каде живее до 18 години по што заминува во хуманитарната мисија која ја носи се до Калкута, Индија каде го формира  мисионерското сестринство кое се грижи за болните, сирачињата и старите лица. Мајка Тереза покрај бројните признанија го доби и најголемото кога и беше доделена Нобеловата награда за мир. 

 
 
08.06.2016 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега