Граѓаните се изјаснија: „СДСМ води гола борба за власт, а не за демократија“

Повеќе од половина од граѓаните, или поточно 53,7 отсто од нив, сметаат дека тоа што го прави опозицијата е гола борба за власт, покажа новата анкета на Брима Галуп.

Само 29,8 отсто веруваат дека опозицијата се бори за слобода и демократија.

Поголем број од Македонците исто така веруваат дека тоа што го прави опозицијата е гола борба за власт, или поточно 56,1 процент. Двојно помалку се оние кои сметаат дека опозицијата се бори за слобода и демократија – 26,7 отсто.

Гласачите во земјата, судејќи по резултатите од анкетата, не веруваат дека доколку дојде на власт СДСМ ќе биде подемократска партија од ВМРО-ДПМНЕ. 49,3 проценти од нив сметаат дека СДСМ нема да биде подемократска од сегашната владјачка партија, а само 28,4 отсто веруваат во спротивното.

Издвоено, 52,1 процент од Македонците кои биле дел од оваа анкета не веруваат дека доколку опозиционата партија дојде на власт ќе биде подемократска од ВМРО-ДПМНЕ. Многу помалку, или поточно 24,9 проценти веруваат во спротивното.

Граѓаните во земјава не наоѓаат оправдување во фарбањето на зградите и спомениците. Дека не е оправдан ваквиот чекор сметаат 60,9 проценти од испитаниците, а само 26,6 отсто наоѓаат оправдување во ваквата постапка.

 
 
09.06.2016 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега