Конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина

Во организација на Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а во соработка со Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија денеска во Охрид ќе се почне Седмиот меѓународен конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина.

На тридневниот Конгрес ќе учествуваат голем број ескперти од универзитети, истражувачки центри и институти од Германија, Финска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Турција, Словачка и други, како и претставници од македонската металуршка индустрија.

Тие во рамки на дискусиите на Конгресот ќе ги презентираат своите најнови сознанија за теми релевантни за оваа индустрија.

 
 
10.06.2016 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега