Полициска бркотница на патот Скопје-Гевгелија

Вчера во 02:20 часот од страна на полициски службеници на автопатот Гевгелија-Скопје кај „Арсови Лаки“ при извршен обид за запирање на автомобил марка „Опел Омега“ со скопски регистарски ознаки.

Истото не застанало и продолжило со движење, при што после 2-3 километри возачот изгубил контрола и удрил во еластичната ограда. 

Констатирано е дека се работи за Д.Ф. (26) од Скопје, а во возилото превезувал три лица од Авганистан.

Во 05:30 часот возачот и лицата се приведени во Пoлициската станица Неготино.

По поднесена кривична пријава до Основното Јавно обцинителство од судија на предходна постапка на пријавеното лице изречени му се мерки за претпазливост „забрана за напуштање на РМ“, одземена му е патната исправа и истиот е обврзан на јавување секоја среда во Основниот суд Скопје 1.

 
 
11.06.2016 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега