Страшна сообраќајна несреќа на патот Градско-Прилеп - две лица се борат за живот

 

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв" и трактор, која синоќа се случила на патот Градско-Прилеп меѓу росоманските села Сирково и Камен дол, потврдија за МИА од Службата за итна медицинска помош Кавадарци. 

- Во директен судир згмечен бил трактористот од Камен дол, а од силиниот ударот тракторот се превртел и завршил во блискиот ендек. Со животно загрозувачки повреди трактористот е однесен до кавадаречката општа болница, но поради сериозноста на повредите е пренесен на Ургентниот центар во Скопје, информираа од Брзата помош.

Возачот на патничкото моторно возило со битолски регистарски ознаки, инаку жена, се здобила со скршеница, која според Службата за итна помош при Здравствен дом Кавадарци, се карактеризира како тешка телесна повреда. 

 
 
12.06.2016 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега