Со автомобилот излетале од пат: Страшна несреќа во Македонија

Страшна несреќа викендов во Македонија. Две лица се повредени кога патничко моторно возило „Сеат толедо“ синоќа излета од пат во кавадаречко. Со автомобилот управувал 41- годишен жител на Кавадарци, кој се движел од Кавадарци кон Мушов Гроб.

- Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатникот кои се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, рече Анита Стојковска. 

Увид на лице место по овластување на јавен обвинител изврши увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес. 

 
 
13.06.2016 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега