Судот пресуди: 19 години затвор за убиството на Детската клиника во Скопје

Деветнаесет години затворска казна за Никола Кузмановски, обвинетиот за убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска што се случи на 9 јануари лани на Детската клиника во Скопје е одлукатана скопскиот суд.

Тој е осуден за  кривично дело убиство на бремено лице. Убиството се случило вечерта околу 19 часот, во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на осмиот кат. Обвинетиот знаел дека медицинската сестра е бремена.

Момчето и медицинската сестра која била десет години постара, се од скопското село Петровец. Таа била во брак, но била во љубовна врска со обвинетиот за убиство. По убиството обвинетиот сакал да се самоубие, но по преговори со полицијата се предал. 

 
 
13.06.2016 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега