Стевананџија: Единствен македонски политичар кој што молел кај Иванов да биде аболициран е Зоран Заев

Пратеникот Димитар Стевананџија од собраниската говорница денес изјави дека иницијативата за импичмент која што ја поднесе СДСМ не поминала ниту кај граѓаните, ниту кај новинарите.

-         

Образложението за импичментов и првиот говор беа доволни почитуваните новинари од галеријата, ваши непријатели, да проценат дека овој шарен балон се издиша уште на почетокот. Првата причина е што до ден денес единствен аболициран политичар во Македонија е Зоран Заев и второ единствен македонски политичар кои што после 9ти мај молел кај господинот Иванов да биде аболициран е Зоран Заев. Затоа оваа тема денес е издишана и затоа новинарите веќе си отишле, рече Стевананџија.

Стевананџија потсети дека Ѓорѓе Иванов е човекот кој што освоил најмогу гласови на сите досегашни претседателски избори од осамостојувањето на Република Македонија.

-         

Кога сме кај бројките сакам да ве потсетам дека човекот за кого што барате импичмент е личност која што во 26 години демократија и плурализам освоил најмногу гласови. Повеќе од пола милион гласови, тоа е за почит и за респект, додаде Стевананџија.

Пратеникот исто така напомена дека епитетот „мафијашка држава“, Македонија го добила уште со мафијашката приватизација и бркањето на 240 илјади луѓе од работа.

 

-         

Рековте дека Македонија била мафијашка држава. Тој епитет го заслуживме уште во 90тите години со мафијашката приватизација, со мафијашката трансформација на македонските фирми кога 240 илјади граѓани во Република Македонија, од мафијашите останаа на улица. И ден денес ги трпиме тие последици и ние и тие и нивните семејства. И во иднина многу би било подобро да не го спомнувате Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што Извршниот комитет  на ВМРО-ДПМНЕ е составен од луѓе кои што последните 10 години направиле програма, ја понудиле пред граѓаните и 11 пати со ред ја добивале нивната поддршка. Што понуди опозицијата кажете вие, запраша Стевананџија, заврши Стевананџија.

 
 
13.06.2016 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега