Нова рунда разговори за градење доверба меѓу Македонија и Грција

Во Атина вчера се одржала нова рунда разговори меѓу претставници на Македонија и на Грција околу мерките за градење доверба меѓу двете земји.

Разговорите, како што соопшти денеска грчкото МНР, минале во пријателска конструктивна сфера, а биле фокусирани главно на можностите соработка во сообраќајната инфраструктура, енергетиката, програмите на ЕУ, културата, образованието, цивилната заштита, јавната администрација, здравството, промовирање бизнис инцијативи и соработка на полициите од двете земји.

Станало збор и за можна соработка меѓу дипломатските академии на министерствата за надворешни работи на Грција и на Македонија.

Договорено е следната рунда разговори да се одржи во Скопје на почетокот на септември годинава.ј

 
 
14.06.2016 - 15:32
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега