Бејли и Орав на разговори со партиите за организрање лидерска средба

„Во активна дискусија сме со партиите. Се надеваме дека тие ќе постигнат договор во следните денови“, велат од Американската амбасада во однос на прашањето дали се во тек консултации со партиите потписнички на Договорот од Пржино за одржување нова лидерска средба.

Дел од медиумите повикувајќи се на партиски извори информираа дека партиски претставници денеска имале одвоени разговори со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, чија цел е организирање лидерска средба.

На средбата партиите биле претставени на пониско ниво а главни точки биле утврдување на датумот за избори и на форматот на владата која ќе треба да ги спроведе изборите. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера изјави дека не е против одржување лидерска средба, но за таа да се одржи потребно е претходно да се знае темата на разговори и да се направат подготовки за да се зголеми веројатноста да заврши успешно.

Од СДСМ пак вчера посочија дека со исполнување на двата основни предуслови - одлагање на изборите и повлекување на одлуката за аболиција од страна на претседателот Ѓорге Иванов, се исполнети минимум условите за почнување политички дијалог со цел да се создадат услови за фер, слободни и демократски избори.

 
 
14.06.2016 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега