Потпишување Меморандум за соработка меѓу стопански комори

Денеска во Скопје македонско-бугарската стопанска комора и Стопанската Комора на Северозападна Македонија ќе потпишат Меморандум за соработка.

Меморандумот ќе биде потпишан од страна на Зоре Темелковски, претседателот на Македонско-бугарска стопанска комора и  Мендерес Кучи, претседателот на Стопанска комора на северозападна Македонија.

Се предвидува продлабочување на економските релации помеѓу компаниите од двете комори, заеднички настап и освојување на трети пазари, размена на информации, организирање на заеднички настани и слични активности. 

ФОТО: Нетпрес

најчитано сега