Доаѓа афрички бран, ни претстојат тешки денови - препораки за заштита од пеколот

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од  24 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала локална  облачност и со умерен ветер од  југозападен правец.

Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Најтопло ќе биде за време на продолжениот викенд, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а вдолж Повардарието ќе достигне и 40 степени.

Заштитете се од пеколното време. Се препорачува да носите лесна облека, да пиете многу вода, да јадете овошје и зеленчук, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

 
 
15.06.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега