Преговорите продолжуваат - СДСМ бара излез по пропаѓањето на протестите

Претставници на четирите политички партии денеска ќе седнат на заедничка маса под медијаторство на амбасадорите на САД и ЕУ. Според извори на Пресс24, средбата се очекува да започне пред пладне. Извори од преговарачкиот процес велат дека вчера главно се зборувало за прочистувањето на избирачкиот список, а кусо била продискутирана и темата околу медиумите.

Според изворите на Пресс24, СДСМ вчера тврделе дека најголем број спорни гласачи има во 6та изборна единица. Ваквиот настап наишол на реакција од албанските партии кои посочиле дека ВМРО-ДПМНЕ таму освоило само два пратеника. Според извори во албанските партии со овие тези на СДСМ се покажува дека немало кражба на гласови од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека целта е провокација на Албанците.

На прашањето како течат преговорите, од ВМРО-ДПМНЕ ни изјавија:

"Се преговара за излез од кризата, колку и да се противи СДСМ и да измислува милион причини и пречки за нејзиното пролонгирање. На крај во процесот најважно е СДСМ да биде изведен на чистина дека мора да се соочи граѓаните на избори и дека простор за бегање веќе нема. Веќе нема ниту простор за манипулации кои според се што видовме до сега имаа единствена цел влегување во Влада без легитимитет од граѓаните. Целта е на крај на процесот СДСМ да признае дека избирачкиот список е прочистен и да даде гаранција дека се створени услови за одржување на избори. Тоа ќе се случи порано или подоцна. Просторот за манипулации е се потесен. Знаат и од таму дека резираните протести пропаѓаат и не го даваат ефектот и мора да се најде решение", велат од партијата за Пресс24.

 
 
15.06.2016 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега