Голема акција на МВР - приведен 51 Албанец

Во акциска контрола на полицијата во Тетово, рано изутрината биле приведени 51 албански државјанин за кои е утврдено дека во Македонија престојувале нелегално, јави МИА.

Во контролата спроведена на 10-ина различни локации во Тетово и Гостивар биле откриени 32 во Тетовско и 19 во Гостиварско. Албанските државјани, од кои повеќето се од градовите Кукс, Либрешт и Пешкопеа, се на возраст од 17 до 57 години. Поголемиот дел од нив извршувале градежни, полски и други физички работи, но го немале регулирано престојот во земјава.

Од СВР Тетово информираат дека против нив ќе бидат поведени прекршочни постапки и ќе бидат депортирани во матичната земја.

Во контрола на полицијата во две пекарници во Тетовско, пак, биле затекнати четири лица од Косово за кои било утврдено дека работат „на црно“, по што биле депортирани. Вчера, исто така, во Гостивар биле затекнати и две албански државјанки кои по поведените постапки биле депортирани во матичната земја.

Во изминатава половина година во шест контролни акции во Тетовско и Гостиварско полицијата открила 98 странски државјани со нерегулиран статус кои се депортирани во матичните земји