Лино Червар: Добар ден, Франција

Прво, сите честитки одат кон играчите. Ова беше нивни натпревар, нивна голема победа и сите заслуги за оваа победа одат кај нив. Ова беше спектакл, голема промоција на ракометот, денеска навистина одигравме добар ракомет и сме еден спорт што трае.

Ова го изјави селекторот Лино Червар по мечот на кој Македонија со победата од 34: 27 над Чешка ја надомести негативата од шест погодоци од првиот меч во Злин и се пласира на светското првенство во Франција.

-Би се заблагодарил на публиката за поддршката што ни ја даваше. Добар ден, Франција, тоа е се од мене, додаде Червар.

 
 
15.06.2016 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега