Ласовска до СДСМ: Вие поддржувате антимакедонски и антидржавни протести !

На денешното продолжение на 104-тата седница во Собранието на Република Македонија пратениците продолжуваат да дебатираат по точката од дневниот ред за импичмент на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

На оваа седница со своја реплика кон пратеникот од СДСМ Локвенец се јави и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска која истакна дека за СДСМ ништо не важи и ништо не чини освен СДСМ.

„Колега Локвенец, на почетокот можам да констатирам дека имавте исклучително нихилистички говор. Ајде сеа да почнеме со ред. Значи во вашиот говор ги негиравте сите институции во државата. Не чини Уставниот суд, не чини претседателот на државата, не чини ова Собрание, ниту една институција  во државата за вас не чини и не функционира. Кој чини? Само вие, само опозицијата чини во државата! Нормално е така да размислувате, но дали сте се запрашале што размислуваат граѓаните“, рече Ласовска.  

Таа се осврна и на тоа дали претседателот Иванов има или нема обврска да присуствува на оваа седница. Таа посочи дека тој ја нема таа обврска и му објасни на пратеникот од СДСМ дека токму таква обврска има Катица Јанева и дека таа не ја почитува и не доаѓа во Собранието.  

„Рековте дека претседателот на државата очекува да биде почитуван. Нормално дека очекува да биде почитуван. Исто така вие велите дека тој не го почитувал Собранието бидејќи не е присутен во Собранието. Јас ќе ви кажам, тој нема обврска да биде во Собранието, но е една друга институција, Катица Јанева, имаше обврска да дојде овде во Собранието, кога го разгледувавме нејзиниот извештај. Ме интересира вашето мислење за нејзиното отсуство од седницата во Собранието и згора на тоа и мене и вас и сите нас Катица Јанева си дозволи да каже пред македонската јавност дека Собранието на Република Македонија, оние кои што и го даваат нејзе легитимитетот, не било легитимно. Замислете која иронија ! Ништо во вашиот говор по однос на тоа прашање не кажавте“, посочи Ласовска.   

На крајот, таа потенцираше дека единствената причина поради која што изминатиов период има протести низ скопските улици се 6 милиони евра распределени на неколку невладини и нивни активисти. 

 

„Ги спомнавте протестите. Колега Локвенец, причината за таканаречените граѓански протести се 6 милиони евра истурени пари од фондацијата СОРОС. Јас верувам дека таму има и незадоволни граѓани, но единствената причина се 6-те милиони евра истурени од СОРОС. Незнам дали се сложувате со мене и дали ги поддржувате ваквите антимакедонски и антидржавни протести“, заврши пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. 

 
 
16.06.2016 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега